Имате право на исправка на вашите неточни лични податоци во рок од 15 дена по поднесување на барањето.
Личните податоци се сметаат за неажурни кога се неточни или погрешни.
Пример:
Сте побарале да ви се испрати здравствената документација преку е-мејл којшто клиниката го има зачувано како контакт информација за вас.
Сметате дека информацијата која ја има клиниката во однос на вашата е-мејл адреса е неточна поради фактот дека не сте ја добиле побараната документација на е-мејл.
Поради поднесеното барање, контролорот мора да ги истражи и да ги коригира контакт информациите за вас во случај на неточни податоци.