Published On: април 10, 2020Categories: Известувања
Петок, Април 10, 2020

Во врска со објавената вест на неколку електронски медиуми дека на социјалните медиуми кружат фотографии со списоци со лични податоци (име, презиме, адреса, матичен број) на лица од Куманово кои се заболени со КОРОНА ВИРУС (КОВИД 19), Агенцијата за заштита на личните податоци

                                                                                                            УКАЖУВА

Дека ваквата обработка на личните податоци вклучително и фотографирање на списоци со лични податоци на лица кои се инфицирани со корона вирусот или пак се во домашна изолација или во државен карантин, како и нивно објавување и било какво друго споделување без законски основ, претставува прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и дека ваквиот начин на обработка на личните податоци претставува кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 од Кривичниот законик за што е пропишана парична казна или казна затвор.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето Е ЗАБРАНЕТА, а може да се врши само во строго утврдени исклучоци согласно закон.

Агенцијата за заштита на личните податоци нагласува дека исклучоците за обработка на овие податоци утврдени со закон, НЕ се однесуваат на јавно објавување на личните податоци за инфицирани лица или лица во самоизолација, па оттука секое објавување и споделување на лични податоци од страна на неовластени лица, за лица заболени од корона вирус или лица кои се во домашна изолација или во државен карантин, претставува повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци и подлежи на санкции согласно закон.

Воедно, според горенаведеното и врз основа на член 63 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20) и член 273 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018), директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци до Основното јавното обвинителство поднесе  Кривична пријава против: непознат сторител за кривично дело злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот Законик.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Одлука за избор на кандидати за работните места број 1, […]

    Прочитај повеќе
  • Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници […]

    Прочитај повеќе
  • Одлука за невршење избор на кандидат по интерниот оглас бр. […]

    Прочитај повеќе