
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 1 и 2 јуни 2022 година ја организираше шестата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“ и „Методологија за хармонизација на секторската легислатива со Законот за заштита на личните податоци со практичен пример“.
Обуката беше наменета за вработените во министерствата, другите органи на државната управа и агенциите чиишто надлежности вклучуваат изработка и усвојување на закони и подзаконски акти што меѓу другото уредуваат собирање, обработка и чување на лични податоци.
Во Законот за заштита на личните податоци е уредено кои задолжителни одредби треба да ги содржат законите со кои се уредува собирањето, обработката и чувањето на личните податоци. Во февруари 2022 година, Агенцијата донесе Одлука за утврдување на Методологија за хармонизација на секторската легислатива („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 38/22).
На првиот дел од обуката беа опфатени новините од ЗЗЛП и главните обврски за контролорите и обработувачите, додека фокусот на вториот дел од обуката беше ставен на Методологијата за хармонизација на секторската легислатива и нејзина практична примена и опфати три главни теми: процесот за проверка на постојните закони и утврдување на потребата за хармонизација со новиот ЗЗЛП; процесот на спроведување Проценка на влијанието на законите од аспект на заштитата на личните податоци, и процесот на претходни консултации со АЗЛП во случај на изработка на нови законски решенија.
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]
На 29.03.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]