
На 7-ми и 8-ми април во Будва, Црна Гора, се одржа работилница за претставници од Агенциите за заштита на личните податоци и Јавните обвинителства од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, на тема стандарди за заштита на личните податоци на ЕВРОПРАВДА (EUROJUST) во јавните обвинителства и насоки за изработување на извештај за ЕВРОПРАВДА.
За време на работилницата, претставниците од земјите учесници започнаа со легислативно и номотехничко подготвување на Правната рамка – насоки за процесот на вршење на супервизија во јавните обвинителства и за изработување на извештај за ЕВРОПРАВДА.
Како завршно согледување се донесоа заеднички заклучоци во однос на тоа и понатаму да продолжи регионалната соработка помеѓу земјите учесници (Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија) воспоставена преку проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ – ИПА 2019 за размена на искуства во областа за заштита на личните податоци и неговата примена во јавните обвинителства и судовите, како и да се продолжи со доставување на извештаи до ЕВРОПРАВДА.
Работилницата беше организирана од регионалниот ИПА проект „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, во соработка со Европравда.
Агенцијата за заштита на личните податоци изрече три глоби во […]
Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]
На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]