
На 01.07.2021 година се одржа онлајн претставувањето на твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ кој ќе се имплементира од страна на конзорциумот составен од Агенцијата за заштита на личните податоци од на Република Хрватска и Германската фондација за меѓународна правна соработка на Сојузна Република Германија.
Главната цел на проектот е да се подобри заштитата на основните човекови права и националниот систем за заштита на личните податоци во Северна Македонија согласно стандардите на законодавството на Европската унија. Специфична цел на проектот е да се подобрат перформансите на Агенцијата за заштита на личните податоци за спроведување на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци преку зајакнување на институционалните капацитети, правната и регулаторната рамка и јавната свест за заштита на личните податоци.
Во воведното обраќање, директорот на АЗЛП г. Имер Алиу нагласи дека „Твининг проектот отпочнува во клучен момент за Агенцијата имајќи предвид дека во август завршува процесот на усогласување со новиот Законот за заштита на личните податоци. Агенцијата постои веќе 16 години и постојано се развива. Оттука, проектот е важен и за јакнење на институционалните капацитети на Агенцијата. Агенцијата има искусен и посветен тим кој ќе соработуваа со колегите и експерти од Хрватска и Германија.“ Г. Алиу е убеден дека ќе има успешна и плодна соработка и дека истата ќе продолжи и по завршување на проектот.
Посебна благодарност г. Алиу изрази до Делегацијата на ЕУ кој ја овозможија и поддржаа оваа соработка.
За време на презентацијата на проектот, во своето воведно обраќање, директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Хрватска Здравко Вукиќ се заблагодари за довербата и дадената можност на Агенцијата да ја поддржи имплементацијата на модернизираната законска рамка за заштита на личните податоци во Северна Македонија: „Ги разбираме тешкотиите на кои наидувате бидејќи до неодамна и ние самите ги имавме. Заедно со искусни германски колеги, можеме успешно да се соочиме со сите предизвици и да обезбедиме поддршка на вашиот пат кон Европската унија. Сигурен сум дека заедно ќе постигнеме одржливи резултати и дека овој проект ќе обезбеди добра основа за работата на Агенцијата за заштита на податоците од Северна Македонија и другите институции“.
Твининг проектот „Поддршка во имплементација на модернизираната национална рамка за заштита на личните податоци“ ќе се спроведува во период од 15 месеци. Преку проектот е планирано е да се остварат повеќе резултати:
- Изработка на водичи за имплементација на новините од Законот за заштита на личните податоци на следните теми: транспарентност и правата на субјектот на личните податоци, право на преносливост на личните податоци, проценка на влијанието на заштитата на личните податоци, техничка и интегрирана заштита на личните податоци (data protection by design and by default), техники за псевдонимизација и анонимизација, обработка на личните податоци за научни, историски и статистички цели, пренос на личните податоци, донесување на автоматски одлуки вклучително и профилирање;
- Изработка на стандардни оперативни процедури за ефикасно извршување на новите надлежности на Агенцијата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци;
- Изработка на методологија за хармонизација на секторската регулатива и проценка на влијанието на заштитата на личните податоци уредена во Законот за заштита на личните податоци;
- Јакнење на капацитетите на вработените во Агенцијата и вработените од други релевантни државни институции и органите за спроведување на закон преку организирање на работилници поврзани со новините од Општата регулатива за заштита на личните податоци и таканаречената Полициска директива; и
- Подготовка на нови алатки за контролорите и граѓаните за полесна имплементација на Законот за заштита на личните податоци.
Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]