
На 25.11.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Имер Алиу и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, застапувана од претседателката Весна Бендевска потпишаа Меморандум за соработка.
На 30.11.2021 Агенцијата потпиша Меморандум за соработка со Владата на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат, застапувана од Мухамед Зеќири и Меморандум за соработка со Биро за развој на образованието, застапувано од Зеќирија Хасипи.
Овие меморандуми се потпишани потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни.
Во насока на исполнувањето на целите на овие меморандуми, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Владата на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат и од Бирото за развој на образованието, а сѐ со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]
На 29.03.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]