Published On: февруари 24, 2022Categories: Вести

На 24.02.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Imer Aliu и Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка застапувана од Елизабета Русеска, претседател на комисијата потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни.

Во насока на исполнувањето на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, а се со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе