На 07.07.2021 година Агенцијата за заштита на личните податоци претставувана од директорот Imer Aliu и Независната угостителска комора застапувана од претседателот Здравко Јосифовски потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој меморандум се потврдува заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката помеѓу Агенцијата и Комората во областа на обезбедување на информации, едукација, поддршка на угостителите за усогласување на нивното работење со начелата, вредностите и правилата за заштита на личните податоци предвидени во прописите за заштита на личните податоци.
Во таа насока, Агенцијата и Комората ќе соработуваат и делуваат со цел реализирање на заеднички активности кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци и подобрување, надградба и прилагодување на воспоставените системи за заштита на личните податоци на угостителите со прописите за заштита на личните податоци.
Оттука, Комората ќе има координативна улога со цел да изврши навремено информирање на своите членови и угостителите за обврските согласно прописите за заштита на личните податоци, а врз основа на претходно дадени насоки од страна на Агенцијата кои чекори треба да ги преземат угостителите за да го усогласат своето работење со прописите за заштита на личните податоци и која документација треба да ја донесат за да обезбедат безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на обработката, а притоа да можат и да ја демонстрираат усогласеноста со начелата поврзани со обработката на личните податоци. Исто така, Комората ќе обезбеди и комплетна логистичка поддршка при спроведувањето на обуките за заштита на личните податоци за заинтересираните претставници од угостителите пријавени преку самата Комора по претходно склучен договор на секој пријавен угостител со Агенцијата во смисла на организирање и обезбедување на присуство на целните групи.
Имајќи ги предвид специфичните карактеристики на различните сектори на обработка на личните податоци во угостителската индустрија и специфичните потреби на микро, малите, средните и големите угостителски објекти и друштва, а со цел да се придонесе за правилна примена на прописите за заштита на личните податоци, Комората започна со изработка на Кодекс на однесување за угостителската индустрија за да се прецизира примената на прописите за заштита на личните податоци во однос на правична и транспарентна обработка, собирањето на личните податоци, остварување на правата на субјектите на личните податоци, мерките за обезбедување на безбедност на обработката соодветно на ризикот според член 44 од Законот за заштита на личните податоци.
На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]
На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]