Published On: јуни 22, 2021Categories: Вести

На денешниот ден се одбележуваат 16 години од постоењето на Агенцијата за заштита на личните податоци. Агенцијата за првпат е основана како Дирекција за заштита на личните податоци на 22 јуни 2005 година, кога е именуван првиот директор со Одлука на Собранието на Република Македонија. Во текот на своето постоење таа го зајакнува своето место како препознатлив заштитник и промотор на правото на приватноста на физичките лица во однос на обработката на нивните лични податоци, подготвена да одговори на предизвиците на сѐ пософистицираниот технолошки развој.

По повод 16 годишнината, Агенцијата во заедничката соработка со ДКАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор е горда да објави дека го создаде оригиналниот Виртуелен водич Ди-пи-о (DPO), како уште еден чекор во приближување на областа за заштита на приватноста и личните податоци до граѓаните на Република Северна Македонија. Целта на Ди-пи-о е на поедноставен начин да ги запознае граѓаните со нивните права во оваа област, со што би се овозможило остварување на овие права на поефикасен начин. Водичот нуди корисни совети како граѓаните сами да ги заштитат нивните лични податоци и чувствителни информации чие откривање би ја нарушило нивната приватност. Агенцијата смета дека со проширување на знаењата за вредноста на личните податоци кои ги поседуваме, ќе помогне во полесно справување со опасностите кои постојат за нив во оваа дигитална ера.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]

    Прочитај повеќе
  • Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]

    Прочитај повеќе