Published On: февруари 18, 2022Categories: Вести

На 18.02.2022 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку платформата ZOOM спроведе „Посебна обука за заштита на личните податоци“, наменета за претставници на Македонска асоцијација на новинари (МАН).

За време на обуката беа елаборирани новините од Законот за заштита на личните податоци, начелата, правата и обврските на контролорите и сите обврски кои треба да се исполнат за контролорите да го усогласат своето работење со прописите за заштита на личните податоци.

Воедно, на обуката беше даден акцент на процесот на балансирање при обработката на лични податоци и слободата на изразување и информирање, како и исклучоците во однос на обработката извршена за новинарски цели.

Обуката беше спроведена on-line поради состојбата со Ковид 19 вирусот, а се со цел заштита на здравјето на учесниците на обуката.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]

    Прочитај повеќе
  • На 29.03.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • На 02 март 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе