Published On: февруари 16, 2022Categories: Вести

На 16.02.2022 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку платформата ZOOM спроведе „Обука за заштита на личните податоци“, намената за учесници од Министерството за одбрана.

Оваа обука е организирана согласно законските надлежности на Агенцијата и склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштитана личните податоци и Министерството за одбрана.

За време на обуката беа презентирани новините од Законот за заштита на личните податоци, правата и обврските на контролорите, мерките за безбедност на обработката на личните податоци, а воедно беа дадени и препораки и насоки како да се заштитат личните податоци и како да се дизајнираат соодветни мерки за заштита.

Обуката беше спроведена on-line поради состојбата со Ковид 19 вирусот, а се со цел заштита на здравјето на учесниците на обуката.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе