ПВЗЛП е незадолжителна во следните ситуации:
- кога операцијата на обработка може да одговара на случаите наведени во членот 4 од Правилник за процесот на проценка на влијанието на заштитата на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/20), но контролорот оценил дека нема веројатност да резултира со висок ризик.
- кога природата, опсегот, контекстот и целите на обработката се слични на обработката за која била спроведена ПВЗЛП.
- кога обработката е вклучена на списокот на видовите операции на обработка за кои не се бара ПВЗЛП воспоставен од Агенцијата.
Контролорот задолжително треба да ги оправда и документира причините за неизвршување на ПВЗЛП и да го внеси мислењето на офицерот за заштита на личните податоци.