Важно е да бидете запознаени со овие права и соодветно да ги планира своите политики. Треба да бидете свесни дека физичките лица уживаат одредени права, и тоа: право да бидат информирани; право на пристап, исправка, и бришење на личните податоци; право на ограничување на обработката; преносливост на податоците; право на приговор, и право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучително и профилирање.
Пример:
Поранешен вработен на една организацијата од работодавачот бара да ги избрише сите негови лични податоци.
Организацијата може да го одбие барањето за бришење на личните податоци на поранешниот вработен, доколку сè уште постои законска обврска за обработка на ваквите податоци.