Политиката/известувањето/изјавата за приватност на физичките лица им обезбедува информации како ги обработувате личните податоци. Притоа информациите треба да бидат напишани на јасен, концизен, транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин, и со користење на едноставен јазик.
Во Политиката/известувањето/изјавата за приватност треба да ги информирате физичките лица за:
- целите на обработката,
- правниот основ за обработката,
- рокот на чување,
- дали личните податоци се споделуваат со други правни и физички лица,
- легитимниот интерес,
- намерата за пренос на личните податоци до трети земји или меѓународни организации,
- контакт деталите на офицерот за заштита на личните податоци, итн.
Пример:
Марија е фризерка. Таа нема веб-страница, но има поставено известување во салонот во кое се вели дека клиентите може да побараат копија од нејзината изјава за приватност.
Компанијата ХХ ДООЕЛ работи графички дизајн. Таа има сопствена веб-страница на која, на видливо место, е објавена изјавата за приватност.
Обата контролори имаат изјава за приватност која е сочинета од сите елементи пропишани со Законот за заштита на личните податоци (член 16, 17, и 18).