Во некои случаи, мора да водите евиденција за активностите за обработка на лични податоци којашто, меѓу другото, вклучува информации за целите на обработката, категориите на субјекти на лични податоци, категориите на лични податоци, категориите на приматели на лични податоци, преносот на лични податоци, рокот за бришење на личните податоци, техничките и организациските мерки. Овој вид евиденција е одличен начин за воспоставување контрола врз обработката и движењето на личните податоци во вашата организација. Чувањето на овие информации на едно место ја олеснува усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци.

Дополнителни информации

Евиденција на активности на обработка за контролори, заеднички контролори и овластени претставници на контролор

Евиденција на активностите за обработка за обработувачи и овластени претставници на обработувач

Пример Систем за видео надзор
Контролор Компанија ДООЕЛ
Категорија на субјекти и категорија на лични податоци Видео снимки од посетителите на Компанија ДООЕЛ, кои содржат физиономски одлики на некое лице.
Цел Заштита на сопственоста, заштита на животите и здравјето на вработените поради природата на работата што се извршува
Примател Компанија ХЛ ДООЕЛ
Рок за бришење на податоците 30 дена
Технички и организациски мерки Посебен акт за начинот на вршење на видео надзор (на пр., овластување за пристап до снимките, автоматизиран систем на записи (логови), транспарентност), систем заштитен со лозинка, обука на вработените, итн.
Пренос на лични податоци
/