Треба да побарате од вработените и добавувачите да потпишат изјава за тајност/доверливост со која се обврзуваат на тајност/доверливост на личните податоци при извршувањето на нивната работа. На тој начин, ја гарантирате за безбедноста на личните податоци во рамките на вашата работа.
Пример:
Во својство на функционер/вработен во органот/компанијата __________, јас долупотпишаниот ___________ изјавувам дека ќе ја почитувам доверливоста на сите лични податоци за кои имам право и овластување за пристап и кои се чуваат во збирката на лични податоци во органот/компанијата каде ја извршувам мојата работна позиција, и дека ќе ги обработувам личните податоци само за конкретни, законски пропишани цели, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, и посебно во согласност со начелото на доверливост од член 9 на законот.
Исто така, се обврзувам дека нема да доставувам или на кој било друг начин да ги ставам на располагање на трети страни личните податоци за кои имам право и овластување за пристап (неовластено откривање), и се обврзувам дека ќе ја чувам доверливоста на личните податоци и по престанок на важноста на овластувањето за пристап до личните податоци.
Свесен/на сум дека секое неовластено откривање на личните податоци на кои имам право на пристап во рамките на мојата работа претставува прекршување на работните и на етичките обврски.