ПРОЕКТ ЗА ПОДДРШКА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Дирекцијата беше корисник на ИПА 2008 – инструментот за предпристапна помош на Европската унија. Во текот на 2010 година беше усвоена финалната верзија на документот за проектните задачи, а од страна на Делегацијата на Европската комисија беше спроведена процедурата за избор на најповолен понудувач за реализација на проектот. Проектот отпочна за се имплементира на 10.01.2011 година, во времетраење од 18 месеци.

 

Проектот имаше за цел да придонесе за зајакнување на надлежностите на Дирекцијата за заштита на личните податоци, подобрување на имплементацијата на законодавството во областа на личните податоци како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за нивното право на заштита на личните податоци.

 

Проектните активности беа поделени во 4 компоненти:

 

Компонента 1: Усогласување на домашното законодавство со европското

Компонента 2: Зајакнување на институционалните капацитети на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Компонента 3: Подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци како човеково право

Компонента 4: Надградба на ИТ инфраструктурата на Дирекцијата за заштита на личните податоци

 


ПРОЕКТ – ПОДДРШКА ВО ИЗГОТВУВАЊЕ СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ И СООДВЕТНИ АКЦИСКИ ПЛАНОВИ ВКЛУЧУВАЈЌИ ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СВЕСТА НА МЕДИУМИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРАВОТО ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Во текот на периодот март – декември 2011 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци беше корисник на средства од ИПА програмата 2008, Компонента 1, преку проектот Поддршка во изготвување на стратешки документи и соодветни акциски планови, вклучувајќи и истражување за свеста на медиумите за имплементација на правото за заштита на личните податоци.

 

Проектот имплементиран од  страна на консултантската куќа IBF International Consulting и експертите Г-дин Едмонд Милетиќ и Г-ѓа Верица Трајкова С, реализираше две компоненти и тоа:

 

1.    Поддршка на Дирекцијата во донесување на Стратегија за имплементација на правото на заштита на личните податоци, преку:

–    Оценка на постоечките акциски планови;

–    Анализа на најдобрите практики од ЕУ;

–    Пронаоѓање на соодветни решенија за стратешки пристап во заштитата на личните податоци;

–    Поддршка во изработката на Стратегија за заштита на личните податоци;

–    Консултативни настани.

 

2.    Истражување на медиумската свест за правото на заштита на личните податоци.

–    Преглед на практичната имплементација на правото на заштита на личните податоци;

–    Најдобра европска практика кај медиумите за заштита на личните податоци;

–    Методологија за набљудување на свеста кај медиумите за заштита на личните податоци;

–    Консултативен процес и фокус групи од медиумски работници.

 

Резултат на првата компонента на проектот  е донесената Стратегија за заштита на личните податоци 2012 – 2016 со Акциски план за нејзина имплементација. Стратегијата како среднорочен документ го трасира работењето на Дирекцијата, развој на заштитата на личните податоци и заложбите за гарантирање на правото на приватност.

 

Резултат од втората компонента на проектот е Истражувањето за свеста кај медиумите и медиумските работници за почитувањето на принципите за заштита на личните податоци при нивното медиумско објавување.

 

Финален настан на проектот беше  Меѓународна конференција за стратешки пристап во развојот на механизмите за заштита на личните податоци, одржана во ноември 2011 година. Во присуство на делегации од повеќето Европски држави и од Советот на Европа, покрај промоцијата на гореспомнатите документи, се дискутираше за правната рамка за работење на органите за заштита на личните податоци и нејзината практична имплементација и модернизацијата на ЕУ легислативата.

 

– Истражување за свеста на медиумите – Преземи