
Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), следејќи ја активно примената на Законот за заштита на личните податоци, а по извршената анализа на фреквенцијата на поднесени барања и претставки кои се однесуваат на рокот на чување на личните податоци за субјектите на личните податоци – клиенти физички лица, со кои се воспоставува, или има воспоставено деловен однос, или се извршуваат повремени трансакции од страна на финансиските институции утврдени со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, известува за следното:
Согласно член 9 од Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) во кој се утврдени начелата поврзани со обработката на личните податоци, меѓу другото е утврдено дека личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци.
Во членот 10 од ЗЗЛП, меѓу другото е утврдено дека обработката на личните податоци е законита ако обработката е потребна за исполнување на законска обврска на контролорот.
Во членот 51 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам меѓу другото е утврдено дека субјектите (финансиските институции) се должни копиите од документите, односно електронските записи од податоците обезбедени со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација согласно со закон, со кои го утврдуваат и верификуваат, односно го идентификуваат и автентицираат идентитетот на клиентот, ополномоштувачот и вистинскиот сопственик, за спроведените процедури за анализа на клиентот или вистинскиот сопственик и за реализираните трансакции или трансакциите во обид, клиентското досие и деловната кореспонденција, да ги чуваат десет години во електронска или хартиена форма по извршената трансакција, сметано од последната трансакција.
Поаѓајќи од вака поставената правна рамка, АЗЛП известува дека обработката на личните податоци преку нивно чување на начин како што е наведено погоре со почитување на рокот од десет години претставува законска обработка на личните податоци, а заради исполнување на обврски на финансиските институции како контролори на личните податоци предвидени во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]
Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници […]
На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]