Спам, junk mail (рекламен материјал добиен по е-пошта) или unsoliced commercial mail (небарана рекламна пошта) е несакана порака најчесто со рекламна содржина. Содржината на пораките најчесто е да купите некои производи или услуги на Интернет, брзо и лесно да ослабете и слично, а покрај на вашата адреса, се испраќаат и на илјадници други. Примери од секојдневниот живот кои се слични на спамот во електронска форма се флаерите кои секојдневно ги наоѓаме во поштенските сандачиња, а не известуваат за новите производи, намалување на цените и сл.

Спамот не претставува проблем доколку во електронската пошта се добиваат по неколку несакани пораки, кои лесно можат да се избришат. Меѓутоа, проблем е кога таквата ситуација се повторува секојдневно со голем број на пораки и тешко е да се разликува потребната е-пошта од несаканата.

Постојат неколку начини да се заштитиме од спам, но најчесто потребна е нивна комбинација за да се постигне саканиот ефект.

Мерки на заштита:

  • Не ја објавувајте ја јавно Вашата е-пошта. Доколку од било кои причини истата мора јавно да се објави на Веб страната, тогаш најдобро е да биде криптирана.
  • Доколку се прегледуваат веб – содржини кои нудат бесплатни услуги, тогаш најдобро е да не се претплатувате на нивната листа на адреси (mailing list), на која Ве известуваат за новите производи. Доколку тоа сакате да го направите, тогаш најдобро е да отворите нова е-пошта која ќе ја користите во вакви ситуации, а службената е-пошта користете ја внимателно.
  • Во најголем број од спам пораките постои упатство за одјава од листа на адреси (mailing list) и со тоа повеќе да не добивате несакани пораки. Најчесто, доколку ги следите упатствата на препораките – доколку се обидете на тој начин да се одјавите од спамерската листа, може да постигнете спротивен ефект.
  • Направете филтер во Вашата програма за читање на е-поштата и пренасочувајте ги е-поштите (потенцијални спамови), во посебен директориум.