На повеќето веб страни се прибираат лични податоци, на пример: име и презиме, возраст, адреса, број на телефон, па дури и прашања од приватниот живот. Понекогаш пристапот на веб страниците се условува со наведување на лични податоци.

На некои веб страни се прибираат податоци на посуптилен начин – преку регистрирање на адресата на Интернет протоколот (IP) на веб страните кои ги посетуваме. Тоа се остварува преку пренесување/поставување на едно или повеќе т.н. колачиња (cookies) на хард драјверот на компјутерот. Колачињата се мали текстуални документи кои можат да прибираат и чуваат податоци за:

  • адресата на Интернет протоколот (IP) на компјутерот
  • фреквенцијата на посета на веб страната
  • потреби на корисникот
  • корисничкото име и лозинката
  • список на производи кои биле купени на Интернет
  • посетените веб страни
  • име и презиме и
  • алфанумеричките знаци поврзани со личните податоци на корисникот на компјутерот

Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб страните за да ги идентификуваат веб корисниците. Преку овие податоци веб страната може да го идентификува корисникот следниот пат кога ќе ја посети истата. Затоа не е потребно корисникот да се идентификува секогаш кога ке влезе на истата веб страна.

Колачињата (cookies) им овозможуваат на веб страните да формираат профил за корисникот врз основа на податоците што претходно ги има дадено, најчесто за рекламни цели. Агентите за рекламирање можат да ги искористат овие податоци за праќање е-пошта за продукти и услуги кои сметаат дека ќе бидат интересни за корисниците.

Еднаш прибраните податоци се користат, препраќаат, но исто така можат да се злоупотребуваат на безброј начини. Тешко може да се утврди што се случува со личните податоци кои циркулираат на Интернет. Лошата грижа за податоците и безбедноста можат да се доведат до неавторизиран пристап до личните податоци.

Најдобар начин да се заштити приватноста е да не се даваат лични податоци на веб страните, но тоа практично не е секогаш можно.

Како да се намали ризикот

  • Пред да се дадат личните податоци (посебно податоци за финансиската состојба и здраствената состојба) треба да се прочита политиката за приватност на веб страната. Никогаш не треба да се согласите со нешто што не сте го разбрале.
  • Одбивање на колачињата кои веб страните ги нудат. Овие податоци можат да се искористат за маркетинг. Не треба да се даваат личните податоци кои не се задолжителни. Секогаш треба да се означи „штиклира„ opt-out опцијата за да се ограничи пристапот до личните податоци.
  • „Сурфајте“ на Интернет анонимно. Тоа е можно со инсталирање на програма кој ја крие вистинската IP адреса.
  • Кога се даваат податоци на непозната страна на Интернет треба да се користи друга е-пошта наместо онаа што се користи редовно.
  • При чувствителни трансакција треба да се користи кодирана веб врска (како на пример кај е-банкарството).