Кога се учествува во групите за дискусии или четовите, најверојатно се праќа порака која може да биде прочитана насекаде во светот. Секој од љубопитство може да ја ископира пораката и да ја чува неограничено. На овој начин може да се најдат имињата на групите во кои корисникот учествувал и е зачленет. Имињата на тие групи можат да откријат многу податоци за корисникот.
Како да се спречи злоупотребата
- Учествувајте во четови или дискусиони групи само со користење на псевдоним.
- Бидете претпазливи. Не треба да ги давате вашите лични податоци освен ако е неопходно.
- Користете друга е-пошта која може да се уништи.
- Некои групи кои чуваат стари пораки нудат алатка за бришење на пораките и истата треба редовно да се користи!