Доколку сметате дека ви е повредено правото на заштита на личните податоци, можете да поднесете Барање за утврдување на прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП). За таа цел потребно е во Барањето да ги наведете вашите лични податоци и податоците за контролорот кој сметате дека го повредил вашето право на заштита на лични податоци. Не може да се поднесува барање против непознат контролор. АЗЛП ќе одлучи со решение по вашето Барање.
Чекори за пополнување на Барањето:
Барањето може да се достави во хартиена форма во писарницата на АЗЛП или електронски на info@privacy.mk, односно преку електронската форма во продолжение .
Барањето задолжително треба да биде потпишано лично од ваша страна. Доколку Барањето сакате да го поднесете по електронски пат треба електронски да го потпишете согласно прописите што ја уредуваат употребата на електронските документи, електронскиот потпис и електронскиот печат и електронските доверливи услуги во управни и судски постапки. Доколку ја користите електронската форма во продолжение, следете ги инструкциите кои ќе ги добиете на електронската пошта која ќе ја наведете.
АЗЛП може да Ве контактира заради понатамошно постапување по истото.