Грануларноста е тесно поврзана со потребата согласноста да биде специјална/посебна.

Имено, кога се дава согласност за неколку различни цели (при што целта на обработката мора да биде колку што е можно поспецифична), грануларноста значи дека целите се одделени и дека за секоја цел се дава посебна согласност.

На пример, родителите или старателите треба да бидат во можност да дадат согласност на училиштето за фотографирање на учениците за образовни цели, но да не дадат согласност за јавно објавување на фотографиите на веб-страницата на училиштето или во дневен весник за промоција на училиштето.

Одделување на целите на обработката може да се постигне преку ставање празно поле за штиклирање пред секоја цел за обработката за родителот/старателот да може да означи согласност, доколку сака.