Во однос на поимот „обемна обработка на посебни категории на лични податоци“ од член 39, став (3), точка б) од ЗЗЛП, подолу се наведени неколку фактори што треба да се земат превид за конкретната обработка да се смета за обемна:

  • бројот на субјекти чиишто лични податоци се обработуваат;
  • обемот на лични податоци кои се обработуваат;
  • географскиот опфат на активноста; и
  • времетраењето на обработката.

На пример, обработката на посебна категорија на лични податоци што може да се смета за екстензивна е обработката што ја вршат болници како контролори, за разлика од обработката што ја врши индивидуален лекар.