Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице што може да се идентификува (субјект на лични податоци), додека физичко лице што може да се идентификува е лице чијшто идентитет може да се утврди, директно или индиректно.
Лични податоци се широк концепт. Подолу се дадени неколку примери:
- име и презиме;
- домашна адреса, електронска пошта, телефонски број;
- датум на раѓање, возраст на лицето;
- единствен матичен број;
- податоци за членство во синдикат;
- IP адреса или домен на компјутерот што се користи за посетување веб-страници;
- информација за локација;
- број на кредитна или дебитна картичка;
- податоци за здравјето;
- биометриски податоци (на пр., отпечаток од прст);
- приказ на некое лице на снимка или слика од видеонадзор, аудиоснимка и слично;
- регистарски број на возило;
- друго.
Остави коментар
You must be logged in to post a comment.