Офицерот за заштита на личните податоци не смее да има судир на интереси за да може да дејствува во независен капацитет.

Оттука, офицерот може да врши други задачи само доколку тие не водат кон судир на интереси.

Примери за работни позиции кои може да бидат во судир со позицијата на офицерот се високи раководни позиции (како што се: извршен оперативен директор, главен извршен директор, директор на здравствена институција, раководител на одделот за маркетинг, раководител на одделот за човечки ресурси или раководител на одделот за информатичка технологија).