Добра практика за усогласување со начелото на транспарентност е изработка и објавување на детална политика/известување/изјава за приватност.
На граѓаните треба да им се даде документ со јасни, концизни, транспарентни, разбирливи и лесно достапни информации, напишани на едноставен јазик, коишто опишуваат што прави контролорот со нивните лични податоци.
Контролорот мора да ги информира граѓаните за целите на обработката на лични податоци, правниот основ за обработката, рокот на чување, дали податоците се споделуваат со други, легитимниот интерес на контролорот или на третата страна, намерата за пренос на личните податоци во трети земји или меѓународни организации, контакт информации на офицерот за заштита на лични податоци, итн.
Изјавата за приватност треба да биде прилагодена на сите компоненти пропишани со законот (членови 16, 17, и 18).
На пример, доколку контролорот нема сопствена веб-страница, примерок од изјавата за приватност може да биде поставен на истакнато место. Во спротивно, изјавата за приватност треба да биде објавена на веб-страницата.
Остави коментар
You must be logged in to post a comment.