Рокот за чување на лични податоци често е утврден во посебните законите (на пр., прописите за работни односи го утврдуваат периодот за чување на списоците за плати на вработените).

Сепак, кога прописите не утврдуваат рок за чување се применува начелото на ограничување на рокот на чување даден во член 9 од ЗЗЛП.

Личните податоци мора да се чуваат во форма која дозволува идентификација на субјектите на лични податоци во период кој не е подолг од она што е неопходно за целите на обработката на личните податоци.

Личните податоци може да се чуваат подолг рок само доколку се обработуваат за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели согласно член 86, став (1) од ЗЗЛП, при што треба да се применат соодветни технички и организациски мерки во согласност со ЗЗЛП, со цел да се заштитат правата и слободите на субјектите на лични податоци.

Доколку рокот за чување не е утврден со закон, контролорот ги чува личните податоци сè додека тие се потребни за целите на обработката на лични податоци.