Работодавецот е обврзан да ја организира работата на начин кој овозможува заштита на животот и здравјето на сите работници, па така, во контекст на пандемија, ваквата обработка е законска, но чувањето податоци за измерената температура на вработените се смета за прекумерна обработка на лични податоци.

Обработка на податоци за здравјето може да се врши само по претходно добиено одобрување од АЗЛП согласно член 84 од ЗЗЛП.

Одобрување не се бара во случај кога обработката на лични податоци е утврдена со закон кој содржи безбедносни и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на лични податоци.

Во овие случаи Агенцијата донесува решение во рок од 90 дена по приемот на барањето за одобрување.