Според прописите за работни односи, копирање или скенирање на документи за лична идентификација или банкарски картички не е законска обврска на работодавачот.

Меѓу другото, банкарската картичка содржи верификациски број (CSC, CVV или HVS), што претставува уникатен троцифрен или четирицифрен број отпечатен на картичката веднаш до бројот на сметката и служи како доказ за физичко поседување на картичката при набавки преку интернет.

Кога станува збор за личната карта, таа содржи одредени лични податоци на субјектот (на пр., фотографии на вработените) што го става под знак прашање правниот основ за законитост на обработката.

Затоа мора да постои правен основ според член 10 од ЗЗЛП којшто, во ретки случаи, може да биде докажан легитимен интерес, со анонимизирање на непотребните податоци (на пр., CVV бројот не е потребен, но бројот на тековната сметка е потребен).