Не.
Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци им помага на контролорите да ги идентификуваат и да ги минимизираат ризиците по заштита на личните податоци и се смета за клучна алатка за отчетност.
Според член 39, став (5) од ЗЗЛП, Агенцијата може да утврди и да објави листа на видови операции за обработка кои не налагаат спроведување на проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци.
Доколку станува збор за обработка на податоци за здравјето, контролорот треба да ги исполнува условите за законска обработка, односно правниот основ од член 10, став (1) од ЗЗЛП и постоење на еден од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП.
Сепак, обработката на податоци за здравјето може да се врши со претходно добиено одобрување од АЗЛП согласно член 84 од ЗЗЛП.
Одобрување не се бара во случај кога обработката на лични податоци е утврдена со закон кој содржи безбедносни и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на лични податоци.
Во овие случаи Агенцијата донесува решение во рок од 90 дена по приемот на барањето за одобрување.
Остави коментар
You must be logged in to post a comment.