Обврската за назначување офицер за заштита на личните податоци е предмет на условите дадени во член 41, став (1) од ЗЗЛП.

Контролорот и обработувачот мора да назначат офицер за заштита на личните податоци во случаите кога:

(а) обработката ја врши орган на државната власт, освен судовите кои постапуваат во рамките на нивните надлежности;

(б) основните активности на контролорот или обработувачот вклучуваат операции за обработка кои, според нивната природа, обем и/цели, налагаат редовно и систематско следење на субјектите на лични податоци од голем обем;

основните активности на контролорот или обработувачот вклучуваат обемна обработка на посебни категории на лични податоци според член 13 од ЗЗЛП или лични податоци поврзани со казнени осуди и казнени дела според член 14 од ЗЗЛП.

Оттука, обврската не зависи од големината на организацијата или од категоријата на контролори.

Дали контролорот спаѓа во некоја специфицирана категорија не е релевантно за прашањето на задолжително назначување на офицер.

Во однос на толкувањето за формулацијата „основните активности на контролорот или обработувачот вклучуваат обемна обработка на посебни категории на лични податоци“, таква екстензивна обработка може да вршат болници во капацитет на контролори, за разлика од индивидуални лекари.

Оттука, лекарите или адвокатите како самостојни вршители на дејност не се обврзани да назначат офицер за заштита на лични податоци.