Според член 13 од ЗЗЛП, биометриските податоци се посебна категорија на лични податоци.

Условот за законска обработка е правниот основ од член 10, став (1) од ЗЗЛП и постоење на еден од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП.

На пример, правниот основ за обработка на биометриски податоци за влез во службени простории може да биде изречна согласност.

Сепак, бидејќи ова преставува однос меѓу работодавач и вработен (нееднаков однос, однос на зависност), треба да се постави прашањето дали вработениот доброволно ја дава својата согласност (доброволноста е еден од условите за согласност).

Од тие причини, работодавачот треба да се осигури дека согласноста е доброволна и на вработениот мора да му овозможи алтернатива за поинаков влез во службените простории (преку картичка, код, итн.)

Во случај на одобрување, обработката на биометриски податоци може да се изврши само по претходно одобрување од АЗЛП согласно член 84 од ЗЗЛП, иако обработката се врши по изречна согласност дадена од субјектот на лични податоци.

Одобрување не е потребно во случај кога обработката на лични податоци е утврдена со закон кој содржи безбедносни и други мерки за заштита на правата и слободата на субјектите на лични податоци.

Во такви случаи Агенцијата донесува решение во рок од 90 дена од приемот на барањето за одобрување.