Не.

Според член 10, став (1) од ЗЗЛП, постојат шест правни основи за обработка на лични податоци:

  • согласност;
  • договор;
  • законска обврска;
  • суштински интереси;
  • јавен интерес/јавно овластување;
  • легитимен интерес.

За секоја обработка на лични податоци мора да постои соодветен правен основ. Оттука, правниот основ за обработка на лични податоци преку договор меѓу банка и клиент е договорот.

За други категории на податоци правниот основ може да биде законска обврска на контролорот.

Согласноста е само еден од шесте правни основни пропишани со законот. Доколку за некоја конкретна обработка постои правен основ, нема потреба да се користи согласност.