Не.
Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци им помага на контролорите да ги идентификуваат и да ги минимизираат ризиците по заштитата на личните податоци и се смета за клучна алатка за отчетност.
Согласно член 39 од ЗЗЛП, Агенцијата утврди листа на видовите операции за обработка кои налагаат спроведување проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци.
Меѓу другото, подолу се дадени критериуми што треба да се земат предвид при оценувањето дали обработката на лични податоци подразбира висок ризик или не:
- посебни категории на лични податоци или податоци од исклучително лична природа (здравје, биометриски податоци, генетски податоци, сексуална ориентација, членство во синдикати, итн.);
- податоци поврзани со осетливи групи на субјекти на лични податоци (баратели на азил, деца, постари лица, итн.);
- систематско следење (на пр., систем за видеонадзор во неколку правни лица);
- користење или примена на иновативни технолошки или организациски решенија (на пр., апликации од типот „интернет на нештата“);
- оценување или бодување (на пр., профилирање);
- автоматизирано донесување одлуки со правен или сличен значаен ефект (на пр., онлајн одлука за доделување заем од банка или тест за вработување кој користи претходно програмирани алгоритми и критериуми).
Во повеќето случаи, контролорот може да смета дека обработката е со висок ризик доколку таа истовремено исполнува два критериума.
Остави коментар
You must be logged in to post a comment.