FAQs

0

  • Според прописите за работни односи, копирање или скенирање на документи […]

    Прочитај повеќе
  • Не. Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци им […]

    Прочитај повеќе
  • Не. Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци им […]

    Прочитај повеќе
  • Види одговор за прашањето: Проценка на влијанието се спроведува само […]

    Прочитај повеќе
  • Во однос на поимот „обемна обработка на посебни категории на […]

    Прочитај повеќе
  • Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци му помага […]

    Прочитај повеќе
  • Техничките (задолжителните) колачиња се секогаш активни. Тие се неопходни за […]

    Прочитај повеќе
  • Согласност е единствениот можен правен основ за обработка на лични […]

    Прочитај повеќе
  • Користењето стандардни договорни клаузули за пренос на лични податоци во […]

    Прочитај повеќе
  • Треба да се користат новите стандардни договорни клаузули. Се советува […]

    Прочитај повеќе

Дали работодавачот може да ги копира или скенира документите за лична идентификација или банкарските картички на вработените?

ноември 22, 2022|Categories: , |

Според прописите за работни односи, копирање или скенирање на документи за лична идентификација или банкарски картички не е законска обврска на работодавачот. Меѓу другото, банкарската картичка содржи верификациски број (CSC, CVV или HVS), што претставува уникатен троцифрен или четирицифрен број отпечатен на картичката веднаш до бројот на сметката [...]

Дали контролорот треба да спроведе проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци и во случаи кога обработката е вклучена на листата на видови операции за обработка кои не налагаат спроведување на таква проценка? Конкретно, прашањето се однесува на обработка на лични податоци што се заснова на правен основ дефиниран со закон и опфаќа посебна категорија на лични податоци – податоци за здравјето?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Не. Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци им помага на контролорите да ги идентификуваат и да ги минимизираат ризиците по заштита на личните податоци и се смета за клучна алатка за отчетност. Според член 39, став (5) од ЗЗЛП, Агенцијата може да утврди и да објави [...]

Ако збирката на лични податоци за вработените вклучува повеќе од 2.000 субјекти, дали правното лице е обврзано да спроведе проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Не. Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци им помага на контролорите да ги идентификуваат и да ги минимизираат ризиците по заштитата на личните податоци и се смета за клучна алатка за отчетност. Согласно член 39 од ЗЗЛП, Агенцијата утврди листа на видовите операции за обработка кои [...]

Дали обработката на посебни ризични категории подразбира збирка на лични податоци од висок ризик?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Види одговор за прашањето: Проценка на влијанието се спроведува само во случај на збирка на лични податоци од висок ризик. Како се дефинира висок ризик?

Што значи обемна обработка на лични податоци?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Во однос на поимот „обемна обработка на посебни категории на лични податоци“ од член 39, став (3), точка б) од ЗЗЛП, подолу се наведени неколку фактори што треба да се земат превид за конкретната обработка да се смета за обемна: бројот на субјекти чиишто лични податоци се обработуваат; [...]

Во случај на збирки на лични податоци со висок ризик се спроведува проценка на влијанието. Како се дефинира висок ризик?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Проценката на влијанието врз заштитата на личните податоци му помага на контролорот да ги идентификува и да ги минимизира ризиците по заштитата на личните податоци и се смета за клучна алатка за отчетност. Согласно член 39 од ЗЗЛП, Агенцијата утврди листа на видовите операции за обработка кои налагаат [...]

Дали веб-страниците кои не користат колачиња смеат да наведат дека не користат колачиња?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Техничките (задолжителните) колачиња се секогаш активни. Тие се неопходни за функционирањето на интернет-страницата и не смеат да бидат исклучени во системите. Субјектите на лични податоци може да бидат информирани за обработката на лични податоци преку колачиња како дел од политика/изjавата за приватност на контролорот.

Кој е правниот основ за обработка на лични податоци преку колачиња?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Согласност е единствениот можен правен основ за обработка на лични податоци во контекст на колачиња. Тоа е уредено во Законот за електронски комуникации (член 168). Сепак, постои и исклучок за колачиња што се технички неопходни. Освен согласност, контролорот мора претходно да обезбеди јасни информации за субјектот на лични [...]

Што се смета како доволен доказ за соодветни безбедносни мерки за пренос на лични податоци во САД, имајќи превид дека судската практика на Судот на правдата на ЕУ не го смета штитот на приватност за безбедносен инструмент?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Користењето стандардни договорни клаузули за пренос на лични податоци во САД во предвид треба да ја земе неодамнешната пресуда бр. C-311/18 на Судот на правдата на Европската Унија (позната како Шремс II) со која се оспорува можноста за користење инструменти за пренос на лични податоци и оттука користењето [...]

На 4 јуни 2021 година, Европската комисија донесе нови стандардни договорни клаузули (Одлука бр. 2021/914) за пренос на лични податоци, вклучително и клаузули кои ги регулираат односите контролор-контролор и контролор-обработувач. Кои од овие стандардни договорни клаузули треба да се користат при склучување договори со правни лица од Европската Унија?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Треба да се користат новите стандардни договорни клаузули. Се советува старите договорни клаузули да бидат заменети со новите најдоцна до 27 декември 2022 година.

Go to Top