Техничка поддршка во основањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци и спроведување на принципите на заштита на податоците во Република Македонија”
Проектот “Техничка поддршка во основањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци и спроведување на принципите на заштита на податоците во Република Македонија”, финансиран од Европската унија, а раководен од Европска агенција за реконструкција, се одвиваше во периодот од мај 2006 година до 30 ноември 2007 година.
Проектот се однесуваше на сеопфатно регулирање на заштитата на личните податоци и на развојот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а неговата реализација се остваруваше преку пет основни компоненти и тоа:
- Правна поддршка – анализа на законските прописи за заштита на личните податоци
- Унапредување на постапките – создавање, разработување и подобрување на стандардизираните постапки за вршење на основните надлежности на Дирекцијата за заштита на личните податоци
- Градење капацитети – градење и зајакнување на капацитетите на Дирекцијата за заштита на личните податоци преку организирани обуки по однос на различни прашања од областа на заштитата на личните податоци
- Подигнување на јавната свест – организирање и реализација на активности и иницијативи за зголемување на свеста кај пошироката јавност
- Информатичка поддршка