Според околностите на секој конкретен случај за кој се изработува ПВЗЛП, контролорот може да побара мислење од субјектите на личните податоци или нивните претставници, преку различни средства, во зависност од ситуацијата (на пример, општа студија поврзана со целта и средствата на процесот на обработка, со поставување на прашања до претставниците на субјектите на лични податоци, или преку анкети кои се испраќаат до идните клиенти на контролорот).
Кога конечната одлука на контролорот се разликува од мислењето на субјектите на лични податоци, причините за продолжување или прекин на обработката на личните податоци задолжително треба да ги документира при процесот на ПВЗЛП.
Кога контролорот ќе одлучи да не бара мислење од субјектите на лични податоци (на пример доколку со тоа би се загрозила доверливоста на работните планови во организацијата или истото е несразмерно или неизводливо), образложението за ваквата одлука треба ја документира при процесот на ПВЗЛП.