
16 мај, Скопје, Градски Трговски Центар
12:00 – 16:00 часот
20 мај, Гостивар, Градски Плоштад
10:00 – 14:00 часот
22 мај, Штип, Ванчо Прке
11:00 – 15:00 часот
26 мај, Битола, Плоштад Магнолија
12:00 – 16:00 часот
28 мај, Струга, Шеталиште
12:00 – 16:00 часот
Дирекцијата за заштита на личните податоци во партнерство со 13 осигурителни компании и 2 брокерски друштва, а со поддршка на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 16.05.2014 година ја започнува кампањата – На сигурно си!
Осигурителниот сектор е специфичен сектор во кој се вршат работи на осигурување, односно, склучување и исполнување на договори за осигурување на живот и неживотно осигурување. Додека осигурителните компании, осигурителните брокерски друштва, осигурителните агенти и друштвата за застапување во осигурувањето се одговорни за обработка на личните податоци на осигурениците, тие мораат да обезбедат точни и целосни податоци но и да се информираат за тоа кои се нивните обврски и права согласно законите и договорите кои ги склучуваме со овие осигурителни субјекти.
Со цел подигнување на свеста на осигурениците за степенот на заштита на обработката на нивните лични податоци од страна на сите субјекти во осигурителниот сектор заради зголемување на опфатот на осигуреници како во животно така и во неживотно осигурување во Република Македонија за нивните обврски за давање на личните податоци во контекст на исклучоците од примената на Законот за заштита на личните податоци, ќе бидат организирани пет отворени денови на кои граѓаните ќе можат да се информираат за тоа дали осигурителните компании, осигурителните брокерски друштва, осигурителните агенти и друштвата за застапување во осигурувањето имаат право да го обработуваат нашиот матичен број, да задржат фотокопија од лична карта или пасош, да ги откријат личните податоци на трети лица, да вршат директен маркетинг за нови производи, услуги, наградни игри и кои се правата и обврските за заштита на нашите лични податоци кога се склучува договор за неживотно осигурување или осигурување на живот.
Во кампањата се вклучени Винер осигурување, Триглав Осигурување АД, Еуролинк Осигурување АД Скопје, Сава Осигурување АД, Осигурување Македонија АД Скопје, ИНСИГ Македонија АД Скопје, ВФП АД Осигурително брокерско друштво, Кроација осигурување – живот, GRAWE осигурување АД Скопје, КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување, Сафе Инвест Македонија АД Скопје, УНИКА АД Скопје, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, АЛБСИГ АД Скопје, Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје.