По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во телекомуникацискиот сектор, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за електронски комуникации, Организацијата на потрошувачи на Македонија, T-Мобиле Македонија, ВИП ОПЕРАТОР, ONE Телекомуникациски услуги, Македонски Телеком и Ало Телеком потпишаа Меморандум за соработка во заедничко организирање на Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите под мотото МОЈОТ БРОЈ – мојот ЗАШТИТЕН СВЕТ!

Целта на овој заеднички проект беше создавање услови за примена на современите достигнувања во обработката на личните податоци преку информатичката технологија во секојдневното работење на операторите на јавни електронски комуникациски услуги и подобра заштита на потрошувачите како и подигнување на општествената одговорност на бизнис операторите кон потрошувачите и заедницата.

Преку учество на претставници на секоја страна потписник во реализација на проектните активности предвидени во Меморандумот, а во насока на остварување на целите беа организирани следните активности:

  • Изработка и печатење на информативен материјали – брошури и постери;
  • Медиумско покривање на проектните активности со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на личните податоци и најава на Отворените денови;
  • Реализација на Отворените денови – Заштитата на личните податоци и потрошувачите, во Скопје, Битола, Штип и Тетово на претходно утврдени најфреквентни места во центарот на секој град одделно, а по предлог од агенцијата која ќе биде задолжена за организација на Отворените денови

Отворените денови се одржаа на 15 март во Скопје (Градски Трговски Центар), 17 март во Тетово (Плоштад Илирија), 20 март во Битола (Плоштад Магнолија) и 24 март во Штип, од 12:00 – 16:00 часот.

На Отворените денови граѓаните имаа можност да се информираат за своето право на заштита на личните податоци во телекомуникацискиот сектор, да добијат одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со собирањето и обработката на личните податоци, директниот маркетинг но и да ги постават директни прашања до Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за електронски комуникации, Организацијата на потрошувачите и телекомуникациските оператори.

Активностите од овој проект беа презентирани и на пошироката јавност преку учество на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за електронски комуникации и Организацијата на потрошувачите во специјализираната емисија за заштита на правата на потрошувачите БАР КОД, контактната емисија ДА БИДЕМЕ НАЧИСТО, а се очекува и гостување во дебатната емисија БЕЗ ПАРДОН на Македонската телевизија.

Лифлет македонски јазик

Лифлет албанкси јазик