Цел на проектот:

Главната цел на проектот е засновање на функционален и ефикасен систем за заштита на личните податоци согласно правото на ЕУ, заснован на искуства и добра практика од земјите-партнери, кои се далеку  понапредни и поискусни во ова поле.

Специфична цел на проектот е воведување на нови механизми и алатки во постојното правно опкружување , посветувајќи посебно внимание на Delete ME и обработка на податоци  при Cloud Computing. Воведувањето на овие механизми  и алатки за главна цел има постигнување поефективна примена на правната легислатива, пропратно подигајќи ја јавната свест за ризиците и правните механизми за заштита на приватноста и личните податоци.

Имплементација на проектот :

Проектот е предвиден да трае 18 месеци, и имплементацијата на истиот е структурирана низ  реализација нa 3 компoненти :

  • Првата компонента предвидува финализација пред воведување во пракса на Delete ME функцијата (софтвер и обуки) и почетна фаза од имплементација на истата. Оваа компонента опфаќа развој и инсталација на софтвер и обуки за користење на истиот.  Во контекст на засилена примена на постојната легислатива, оваа компонента посветува внимание и на функцијата на Дирекцијата во соработка со контролорите при  обработката на податоци во облак, преку измени на правната легислатива, развој на софтвер и тренинг за функционирање на истиот, како и воведување на работен протокол согласно договорите зa обработка на податоци по пракса која се применува  во Норвешка.
  • Втората имплементационa компонента  е насочена кон промоција  на веќе завршените активности од првата компонента, односно промоција на основаната Delete ME мрежа на обработувачи на лични податоци во земјите на Западен Балкан.
  • Последната компонента се фокусира на подигање на јавната свест за ново-воведените услуги од страна на органот за заштита на личните податоци.

Целокупната имплементација на проектот се заснова на соработката со партнер-институција од Норвешка (Норвешкиот орган за заштита на личните податоци NorSIS).