Проектот „Заштитата на лични податоци и медиумите” започна на 12 декември 2016 година. Проектот е финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата.
Проектот придонесе за поефикасна имплементација на правото на приватност и заштита на личните податоци водејќи сметка и за правото на слобода на изразување и информирање. Проектот помогна да се разберат и подобрат стандардите за заштита на лични податоци, како и креира алатка за усогласеност на медиумите со принципите за заштитат на лични податоци.
Проектот се имплементира преку следниве компоненти:
Компонента 1: Проценка на почитувањето на принципите за заштита на лични податоци од страна на медиумите; и
Компонента 2: Подобрување на стандардите и етичките правила за заштита на лични податоци од страна на медиумите.
Времетраење: 12 декември 2016 – 12 август 2017
Буџет: 57.300 евра
Корисник на проектот: Дирекција за заштита на личните податоци
Организација што го спроведува проектот: Altair Asesores SL од Шпанија во конзорциум со Hulla & CoHuman Dynamics KG од Австрија.