На 23 ноември 2015 година започна со имплементација проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”, што се финансира од ИПА ТАИБ 2012 програмата.

Проектот беше со времетраење од 24 месеци и се имплементира од страна на групацијата Vialto Consulting Ltd. (Vialto), Унгарија во конзорциум со IPS Institute for Project Consultancy (IPS) од Словенија и National Authority for Data Protection and Freedom of Information (NADPFI), Унгарија.

Основната цел на проектот беше да се подобри заштитата на лични податоци во Република Македонија согласно ЕУ легислативата. Исто така, преку овој проект се обезбеди понатамошно подобрување (правно и институционално) на рамката за заштита на лични податоци во Република Македонија согласно добрите ЕУ практики, а сѐ со цел да се осигура дека на граѓаните им се гарантира заштитата на нивните лични податоци преку:

  • Понатамошно усогласување на националното законодавство со новите реформи за заштита на лични податоци во ЕУ и позитивните искуства
  • Јакнење на механизмите за заштита на лични податоци во различни области
  • Развивање и имплементација на нова стратегија за заштита на лични податоци
  • Имплементација на ИСО ИТ стандарди и стандарди за приватност.

Проектот се имплементира преку следниве три компоненти:

Компонента 1 – Имплементација на Стратегијата за заштита на лични податоци 2012-2016 и развој на нова Стратегија 2017-2022,

Компонента 2 -Јакнење на капацитетите за понатамошна имплементација на Законот за заштита на личните податоци и подорување на соработката со контролорите и

Компонента 3 – Имплементација на ИТ стандарди и стандарди за приватност.


Времетраење: 23 ноември 2015 – 23 февруари 2018

Вкупен буџет: 897.650 евра

ИПА: 807.885 евра


Корисник на проектот: Дирекција за заштита на личните податоци

Организација што го спроведува проектот: Vialto Consulting Ltd. (Vialto), Унгарија во конзорциум со IPS Institute for Project Consultancy (IPS) од Словенија и National Authority for Data Protection and Freedom of Information (NADPFI), Унгарија.


Информации за проектот  МК, EN

Подетални информации