На 31 октомври 2016 година започна да се спроведува проектот „Набавка на опрема за Дирекцијата за заштита на личните податоци”.
Во рамки на проектот се набави ИКТ опрема (хардвер и софтвер) за модернизирање на работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци и подобрување на е-услугите кон граѓаните и контролорите на личните податоци.
Проектот беше финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА ТАИБ 2012 програмата, а се имплементираше во период од 7 месеци од страна на Ассеко ДООЕЛ Скопје.
Времетраење: 31 октомври 2016 – 30 мај 2017
Вкупен буџет: 246.900 евра
ИПА: 185.175 евра
Платформа за размена на информации со контролорите и граѓаните
Леток за Платформата за размена на информации со контролорите и граѓаните