Проектот „Час по приватност“  е проект кој беше првично наменет да се реализира во сите средни училишта на Град Скопје со цел да ја доближи до средношколците проблематиката од областа на заштита на личните податоци, препораки за безбедно користење на социјалните мрежи, неширење на говор на омраза и слично.

Активностите во склоп на проектот се целосно во насока на едукација, а резултатите треба да придонесат кон сузбивање и превенција од злоупотреби на личните податоци на интернет, на социјалните мрежи, како и намалување на бројот на регистрирани злосторства од омраза.

Овојпат на барање и на средни училишта од другите градови, проектот се проширува и ќе се одржат предавања во Тетово, Кичево, Гостивар, Струга и Прилеп, со опфат од средношколци од сите средни општински училишта.

  •    Прилеп
  •    Струга
  •    Кичево