Published On: март 21, 2022Categories: Вести

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, отпочна со реализација на бесплатни онлајн обуки за заштита на личните податоци наменети за контролорите од јавниот и приватниот сектор. Првата обука се одржа на 9 и 10 март 2022 на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“ и „Офицер за заштита на личните податоци“. На обуката, германскиот експерт Стефан Нидерер го сподели германското искуство и практики при имплементација на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR).

На 23 и 24 март 2022 година ќе се организира втората сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“, „Нарушување на безбедноста на личните податоци“ и „Видео надзор“. Предавач на обуките ќе биде хрватската експертка Барбара Шушиќ, која ќе ги сподели хрватското искуство и практики при спроведување на GDPR.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе
  • На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе