На денешен ден пред 18 години (22 јуни 2005 година) е основанa Дирекцијата за заштита на личните податоци со именување на првиот директор со Одлука на Собранието на Република Македонија. Со Законот за заштита на личните податоци од 2020 година Дирекцијата продолжи да функционира како Агенција за заштита на личните податоци. Од своето основање Агенцијата врши надзор над спроведувањето на прописите за заштита на личните податоци, овозможува остварување на правата за приватност и заштита на личните податоци за секое физичко лице, го следи напредокот и предложува мерки за унапредување на заштитата на личните податоци.
Агенцијата продолжува да ја реализира својата мисија преку подигнување на нивото на свеста на сите вклучени страни во обработката на личните податоци и тоа како на контролорите и обработувачите, така и на општата јавност пред се за важноста на обезбедување безбедност на личните податоци при нивната обработка и запознавање на физичките лица со нивните права и начинот на кој можат да ги остварат овие права, а со цел применување на прописите за заштита на личните податоци.
За обезбедување на транспарентни информации за физичките лице за да можат да ги остварат своите права Агенцијата подготви Водич преку кој контролорите ќе можат да изработат свои Политики/Изјави за приватност за да можат да обезбедат транспарентни информации на кој начин ги обработуваат личните податоци на физичките лица и како можат да ги остварат нивните права.
Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]
На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]
Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]