
На денешен ден пред 17 години (22 јуни 2005 година) е основанa Дирекцијата за заштита на личните податоци со именување на првиот директор со Одлука на Собранието на Република Македонија. Со Законот за заштита на личните податоци од 2020 година истата се трансформира во Агенција за заштита на личните податоци. Во текот на своето постоење Агенцијата извршува надзор над спроведувањето на прописите за заштита на личните податоци и овозможува остварување на правата за приватност и заштита на личните податоци за секој граѓанин на нашата земја, го следи напредокот во оваа област и предложува мерки за унапредување на заштитата на личните податоци.
Нашата задача останува да се грижиме за заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија преку спроведување на супервизии над работењето на контролорите и обработувачите, како и подигнување на нивото на свеста на сите засегнати страни и општата јавност за важноста на личните податоци како и на нивните права и обврски, предложување на мерки за стручно оспособување и усовршување на офицерите за заштита на личните податоци и целосно спроведување на сите обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]