Published On: април 8, 2022Categories: Вести

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 06 и 07 април 2022 година ја реализираше четвртата сесија на онлајн обуки за заштита на личните податоци на тема: „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци (Data Protection by Design & Default)“ и „Безбедност на личните податоци“.

На 13 и 14 април 2022 година ќе се организира петтата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“ и „Заштита на физичките лица од обработка на личните податоци од страна на надлежни органи за целите на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции и слободно движење на тие податоци“. Обуката е наменета за органите за спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции. Предавач на обуките ќе биде хрватскиот експерт Игор Вулје, кој ќе ги сподели хрватското искуство и практики при спроведување на ГДПР и Европската Директива за заштита на физичките лица од обработка на личните податоци од страна на надлежни органи за целите на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции и слободно движење на тие податоци.

Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе
  • На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе