Published On: јули 19, 2023Categories: Вести, Новости

На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу одржа состанок со заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење – Славица Грковска. На состанокот беше разгледана нацрт верзијата на Законот за архивски материјал, од аспект на негово усогласување со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, особено во делот на воведување на Единствениот архивски информациски систем и заштитата на физичките лица, кои се иматели на јавен документарен материјал.

Од страна на Агенцијата беше истакната важноста на изготвување на проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци при воведување на нови технолошки или организациски решенија. Беше донесе заклучок дека потребно е системски да се зајакне консултацијата со Агенцијата, пред донесување на предлог закони и други акти од страна на Владата.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]

    Прочитај повеќе
  • На денешен ден пред 18 години (22 јуни 2005 година) […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]

    Прочитај повеќе